Пиштолот со кој е усмртена охриѓанката Јанеска бил во сопственост на нејзиниот дечко Кајл Филипс

Првичните информации за смртта на славната мејкап артистка Маја Јанеска, девојка на тајкунот со цигари Кајл Филипс, сугерираат дека таа си го одзела животот, а понатамошната истрага, како што објавува News24, утврдила дека пиштолот со кој е нанесена прострелна рана во главата на жртвата бил во сопственост на Филипс, пренесува Фактор.

Тој допрва треба да даде изјава во полиција. Според извори на медиумот, Филипс одбил да биде прегледан од државниот патолог задолжен да ја спроведе обдукцијата на Јанеска, и буквално додека разговарале за понатамошните чекори тој „се опколил со своите телохранители“.

Обидите на патологот да го испита Филипс биле насочени кон утврдување дали тој имал одбранбени рани на телото.

Се верува дека полицијата можела да спроведе тестови за остатоци од барут од огнено оружје на оние кои биле присутни кога починала Јанеска, а ова го вклучува Филипс, бидејќи тој бил присутен во спалната соба кога се случила трагедијата.

Смртта на охриѓанката Јанеска ја разбранува македонската јавност, неколку денови претходно таа беше во Македонија на средби со државниот врв за продлабочување на дипломатските односи мегу Македонија и Јужна Африка.

Таа беше пронајдена мртва во петокот, а голем дел од медиумите објавија дека првичните информации од истрагата покажуваат дека се работи за самоубиство. Дел од роднините за медиумите изјавија дека не веруваат во ваков исход.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани