Со патничко возило превезувале нежигосано огревно дрво

Превезувале нежигосана огревно дрво.

На 06.12.2022 во 18.40 часот, при контроли извршени во атарот на охридските села Вапила и Горно Лакочереј, полициски службеници од СВР Охрид и од Шумската полиција затекнале патничко возило „мицубиши пајеро“ без регистарски ознаки, управувано од А.П.(18), во кое сопатник бил Н.К.(26), двајцата од Охрид. Притоа, било утврдено дека со возилото се врши транспорт на нежигосани огревни дрва, кои се одземени и предадени во склад на ЈП „Национални шуми“ во Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани