Нема поевтинување на лебот и прехрамбените производи, владата најавува казни

Иако беше најавено од 01 ви декември, се уште нема намалување на цените на основните прехрамбени производи.

За литар домашно млеко со 2,8 процентна масленост, ќе платите 88 денари. Иако производителот е дел од оние компании кои веќе користат повластена струја, цената не е намалена. Слично е и со производителите на леб, чии цени на некои производи се ближат и до 110 денари. Граѓаните реагираат.

Производителите се правдаат, овие производи се направени од суровини, кои се набавени пред 1 декември и мерката за повластена струја, па затоа цените се уште не се намалени.

187 компании од прехранбената индустрија веќе деветти ден произведуваат користејќи струја со повластена цена од 80 евра за мегават. Оваа мерка Владата ја најави како нешто, што ќе ги намали екстремно покачените цени на прехраната. Сепак, инспекциите покажале дека во првата недела од мерката, таа не носи резултати.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави ригорозни казни за оние, кои неосновано ги држат цените на високо ниво.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани