
Благо намалувње на невработеноста во земјава регистрира Државниот завод за статистика. Согласно последните податоци, стапката на невработеност падна на 14,3 отсто во третиот квартал од годината.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во III тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 808.328 лица, од кои вработени се 693.062, а 115.266 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 55,2 отсто, стапката на вработеност 47,3 проценти, додека стапката на невработеност изнесува 14,3 отсто – се наведува во соопштението на ДЗС.