
Приведен охриѓанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници.
На 10.12.2022 година во 01.40 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, К.С.(43) од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник кој, преземал службени дејствија. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.