
Опожарено возило во Охрид, во сопственост на жителка на Ботун.
На 10.12.2022 година во 10,20 часот во СВР Охрид, К.М.(40) од селото Ботун, општина Дебрца, пријави опожарување на нејзиниот автомобил „Мерцедес“, паркирано на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Повредени лица нема а се преземаат мерки за расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.