
Едно лице заврши во болница, по тепачка со метален предмет помеѓу три повозрасни лица од Охрид.
На 10.12.2022 година во 12,30 часот, во работилница лоцирана на улицата „Кленоец“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со вербална караница помеѓу Т.В.(64), Ј.В.и Љ.Т.(63), сите од Охрид. Притоа, Т.В. со метален предмет, физички го нападнал „Љ.Т. кој е пренесен во „Општа болница“ во Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, стои во билтенот на Свр Охрид.