За три години во струшко згаснаа педесеттина занаетчиски фирми


Се намалува бројот на занаетчии во Струга. Од над 200 пред пандемијата, денес останаа околу 150 регистрирани фирми.
Занаетчиски сектор се соочува со големи финансиски потешкотии. Побарувачката е намалена, занаетчиите се немоќни да се справат со кризата , ги згаснуваат фирмите.
Поскапувањето на цената на струјата е последниот силен удар и стави клуч на врата на голем број дуќани.

„Сега со кризата со ковидот претходно а последно со војната во Украина има голем пад во работата, да не речам дека преку 50% од работата е намалена. Тешко се живее од занаетот. Треба многу да се работи, треба преку 12 часови да се вложи труд“, вели Кујтим Ајдо претседател на Регионална занаетчиска комора Струга.

Се помал е интересот за изучување занает, младите не гледаат перспектива. Повеќето сакаат канцелариска работа и сигурна плата, а дополнително влијае и масовното иселување од градот.

-„Интересот кај младите за учење занает е скоро нула. 0048Во кризата гледаат младите дека перспективата е многу мала во нашиот дел во занаетот и голем број од младите заминуваат надвор“, вели Ајдо.


Од Регионалната занаетчиската комора велат испратиле барање до Владата за субвенционирана електрична енергија, но се уште не добиле одговор.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани