
Под мотото „Подади рака за живот, дарувај крв, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.
Хуманитарната акција ќе се одржи утре – вторник – 13.12.2022 г. од 10 – 14 часот
Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција.
Искористете го РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување за да ја искажете својата хуманос, апелираат од Црвен крст Охрид.