
По повод светскиот ден на планината 11 декември, свечено беше отворен планинарскиот дом Троуглеш на Галичица, во организација на здружението на планинари Великамен.
И покрај врнежливото време на отворањето присуствуваат планинари, вљубеници на планината и планинските спортови од Охрид, Елшани, Пештани, Шипокно, Вевчани и планинарското друштво од Битола Festina Lente.
Планинарскиот дом Троуглеш е отворен за сите љубители на планината кои што сакаат да уживаат во природа.

Домот е катче за релаксација со прекрасен поглед на Галичица и Охридското Езеро.
Самото име на објектот „Троуглеш“ што значи „три агли“ ја опишува одличната местоположба, која се наоѓа на највисокиот рид во околината и е поврзан со повеќе пешачки патеки кои водат кон внатрешноста на Галичица, околните села: Елшани, Горно Коњско, Шипокно, Рача и Велестово, и се едни од најубавите патеки на планината. Домот моментално располага со 10 легла и основни услови за престој на планина.