
ЈП „Водовод“ Охрид известува дека стариот дел на Охрид денес неколку часови ќе нема вода.
Поради приклучување во мрежа на неколку објекти во новата водоводна линија на улицата „Христо Узунов“, на ден 13.12.2022 година (Вторник) од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците : „Цар Самуил“, „Коста Абраш“ и сите улици од стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.