Секоја втора жена жртва на психолошко, а секоја петта на физичко насилство

Семејното насилство е во пораст. некои пријавуваат, некои молчат. Денес, семејното насилство претставува сериозен општествен проблем кој, најпрво со ковид-пандемијата, а сега и со економската криза, предизвикува загриженост со својата застапеност во македонското општество.

Според истражувањата, секоја втора жена во државата е жртва на психолошко насилство, секоја петта се соочува со одредена форма на физичко насилство, додека сексуалното насилство меѓу двајцата партнери сè уште е табу-тема за која ретко се разговара. Според социолозите и психолозите, основни причини за појавата на семејно насилство се прифатеноста на патријархалните вредности и подредената улога на жената во однос на мажот во бракот и во семејството. Во 2021 година, во Македонија се бележи зголемување на бројот на кривични дела на семејно насилство, односно регистрирани се 1 056 кривични дела од оваа област.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани