

Во охридската гимназија пристигнаа книги, дел од донацијата од 40 000 книги за основните и средните училишта од Охрид и околината во рамките на проектот Интернационален Проект Книга.
Огромна благодарност на Бил Бриџфорд – волонтер на Мировниот Корпус од САД, училиштето СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и проф. Марија Андреева-Попоска како и благодарност до општина Охрид. Донираните книги се од областа на математиката, природните науки, медицината, стручни книги и речници, како и одреден број на тинејџерска белетристика. Со овој проект се збогатува нашата библиотека со литература на англиски јазик која ќе биде достапна за нашите ученици, информираат од ОСУ „Св Климент Охридски“ Охрид.