

Водостојот на Охридското Езеро се наближува до минимално дозволената кота. Според денешното мерење, нивото е на седум сантиметри до критичната точка. Драстичните намалувања на водостојот се резултат на климатските промени, лошо управување со езерото и час поскоро треба да се преземат мерки.
Експертите велат штетите врз еко системот од осцилациите на најголемото природно езеро во Европа, се несогледливи, но никој не води грижа.
„Искористувањето на водата на Охридското езеро како резервоар за производство на струја е нешто многу негативно за екосистемот. 0928Министерството за животна средина нема некој перманентен мониторниг и да регистрира зошто денес има отворени пет или било колку метри на браната на влезот на Дрим“, вели Ариан Мероли од Меѓуграничниот биосферен резерват.
Алармантна е состојбата на Преспанското Езеро. Главната причина за енормното намалување на нивото е човечкиот фактор, потребен е одговорен и сериозен пристап од институциите, велат експертите.
-„Мислам дека 90% за овој проблем на Преспанското езеро е резултат на активности на луѓето. И нема контрола од одговорните структури за ова што се случува на сливот на Преспанското Езеро“, додава Мероли.
Според научната фела потребна е итна мобилизација на општинските и националните власти и конкретни мерки за стабилизирање на хидролошката состојба на двете природни езера.
Новинар Соња Рилковска