
Лишени од слобода три лица од Охрид кои нападнале 19 годишна охриѓанка.
На 13.12.2022 година, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода С.П.(44) Д.П.(51), и К.П.(75), сите од Охрид, кои, истиот ден во 15.30 часот во куќа во Охрид физички ја нападнале Н.К.(19) од Охрид, по што Д.П. и се заканил со пиштол. Тие беа задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.