

Алармантна состојбата на детското одделение во Струга. Дневно по стотина пациенти ја полнат болницата. Само пет специјалисти педијатри се грижат за лекување на децата од целиот регион Охрид, Струга, Дебар и Ресен.
Лекарите се жалат дека се преоптоварени од работа, бараат надлежните да изнајдат решение.
-„Стварно ни е зголемен обемот на работа , нон стоп сме на работа:Ние сме петмина горе на детско, држиме цело детско одделение е неонатолошкиот оддел. “, вели д-р Влатко Мицкоски началник на детско одделние Струга.
Детското одделение во Охрид повеќе од една година, поради недостиг на педијатри работи само како дневна амбуланта. Лекарите бараат помош и од матичните лекари во периоди кога респираторните инфекција кај децата земаат замав.
„Педијатри нема, тоа е актуелна тема во нашата држава. Матичните лекари треба да речам да се изразам да преземат мерки тие работаат само прва смена немаат замена и истите пациенти се принудени да доаѓаат кај нас“, вели Мицкоски.
Последната најава од министерство за здравство е дека од јануари идната година неколку педијатри од земјава ќе дојдат да работат во охридската болница.
Новинар Соња Рилковска