Хумана акција на Локалната младинска организација на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Од ноември, ученичките од Локалната младинска организација на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ изработуваа накит, а учениците го продаваа по симболична цена за да се соберат средства за новогодишни пакетчиња наменети за дечињата со попреченост.

Овојпат ЛМО при ОЕМУЦ уште еднаш ја покажа својата општествено-одговорна работа помагајќи онаму каде што е најпотребно.

Убаво е чувството кога ќе помогнеме онаму каде што е најпотребно, онаму каде што ќе успееме да измамите детска невина насмевка, а уште поубаво е кога и вашите ученици доследно ќе ги испочитуваат насоките за извршување на задачите, а несомнено, членовите на Локалната младинска организација на ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид беа на висина на поставената задача. Хуманоста не се кажува, таа се докажува.
Огромно БРАВО за сите ученици кои се дел од Младинската, за сите колеги кои помогнаа во продажбата на изработките, а мене ми е особена чест што сум координаторка на оваа значајна асоцијација во рамките на нашето училиште.
Заедно можеме многу, многу повеќе!
Тајните на Моето Срце се надеваме дека дечињата се задоволни и среќни, вели професорката Ирена Ралева Најдеска.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани