
Директорот на Ј.П. Државни патишта, Ејуп Рустеми, во рамките на вечерашната емисија „Економски магазин“, прашан од новинарот за реализацијата на проектот за автопатот Кичево-Охрид, рече дека експропријацијата на земјиштето ќе се реши до крајот на декември, а до кон крајот на следната година ќе заврши проектот.
„До крајот на декември ќе ја завршиме експропријацијата на земјиштето и се чини дека и сега имаме вонредни активности, многу зголемени, во изградбата на патот, дека во наредната година ќе имаме вонредни активности, како што се очекува до крајот на годината, 31 декември 2023 година, проектот да биде завршен“, изјави Рустеми.