Мартина Петреска од Охрид ќе учествува на Европското првенство во карате

Ученичката од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ , Мартина Петреска ќе учествува на Европското првенство во карате во категоријата кумите-47 кг. Европското првенство ќе се одржи на Кипар во февруари идната година.

Таа започна да тренира карате на 5-годишна возраст кога го освои и првиот златен медал во категоријата ката индивидуално за деца. Во оваа категорија, на државните натпревари има освоено доста медали и трипати успеа да се квалификува за учество на Балканските првенства. За првпат на девет години се натпреваруваше на Балканското првенство во Истанбул каде во конкуренција од околу 25 натпреварувачи го освои 5-тото место.

Исто така наредните две години се натпреваруваше на Балканските првенства што се одржуваа во Србија и во Бања Лука. Во категоријата кумите-47 кг. за кадети двапати е бидена државен првак. На плеј-офот кој се одржа минатиот месец Мартина успеа по втор пат да се пласира на Европското првенство во истата категорија. Оваа година се натпреваруваше на Европското првенство во Прага каде во категорија кумите-54 кг. која не е нејзина природна категорија успеа да го помине првиот круг на елиминации. Во Кипар ќе се натпреварува во нејзината природна категорија (-47 кг.) и се надева на освојување на медал, информираат од ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани