Во тек е хуманитарната акција „Волшебна елка“

Во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат Црвен крст Охрид во соработка со KAM Village, а наменета е за помош на децата од социјално загрозените семејства. Волшебната елка накитена и поставена во комплексот KAM Village, покрај обичните, содржи и волшебни лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца во социјален ризик од Охрид и Дебрца.
Благодарност до голем број наши сограѓани што од почетокот на акцијата на 10.12.2022 до денес учествуваат во оваа акција земајќи од волшебните лампиони, обезбедувајќи/набавувајќи ги напишаните желби/подароци и донесувајќи ги подароците на рецепцијата во хотелот Village или во Црвен крст Охрид.

Остануваат уште 7 дена за оваа акција и уште неколку неискористени волшебни лампиони со новогодишни желби на децата кои живеат во социјален ризик. За утре, сабота, 17.12.2022 г., од 12 ч. кај Волшебната елка во КАМ Village предвидена е забава за најмладите каде свој настап со изведување на новогодишни и божиќни песни ќе имаат детскиот хор при Културно-уметничкото друштво ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ под раководство на уметничкиот раководител, Татјана Узуноска Тренеска и детскиот хор БАМБИНО под раководство на професор Снеже Попова.
Доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира на предновогодишната забава, околу елката во комплексот KAM Village која ќе се реализира на 24.12.2022 г. (сабота) од 12 ч. Ги поттикнуваме и охрабруваме хуманите луѓе за учество во оваа хуманитарна акција, повикуваат од Црвен крст Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани