Најавена реконструкција на Центарот за кардиологија во Охрид

Ќе се реконструира Центарот за кардиологија во Охрид. Предвидена е и реконструкција на Центарот за белодробни заболувања во Отешево. Со овие зафати значително ќе се подобрат условите во специјализираните болници.

Договори за финансирање седум проекти за развој на планските региони во Северна Македонија потпишаа министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, и швајцарската амбасадорка во земјата, Вероник Улман, во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“.

„Вкупната вредност на проектите за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој е 2.377.277 швајцарски франци за седум плански региони, Министерството за локална самоуправа обезбедува 54 % од средствата, а 46 % поддржано од Швајцарија“, рече Пенов.

Тој истакна дека проектите се одбрани во консултација со граѓаните од секој плански регион.

„Разговараме со амбасадорката да отвориме уште еден грант за планските региони преку кој ќе се финансираат и проекти за енергетска ефикасност за општините за да може побргу да се приспособат на потребата за поголемо штедење на електричната енергија и за поефикасно функционирање. Ако има добри проекти, секогаш ќе се најдат средства за нивно финансирање, со години ја имаме поддршката и од швајцарската влада“, рече Пенов.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани