Почесниот конзул Филев го поздрави обновувањето на авио линијата Охрид-Белград

Почесниот конзул на Р Србија во Охрид, Михајло Филев го поздрави обновувањето на авио линија Охрид- Белград. Според него новата сезонска авио линија на Ер Србија, која стартува на 05 јуни 2023 година ќе придонесе за зголемување на дојдовниот и појдовниот туризам во двете земји.

Ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи, како и за зајакнување на економската соработка меѓу двете држави.

Со задоволство сакаме да ја споделиме оваа прекрасна вест која доаѓа од Р.Србија од AirSERBIA🇷🇸 на 5-ти Јуни 2023 продолжува да функционира авионска линија.
Охрид -Београд. Оваа дестинација ќе биде од огромно значење за двете пријателски држави и целиот регион за побрз развој во сите сфери, напиша Михајло Филев.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани