

Срушена дел од конструкцијата на плажа Потпеш. Некогаш еден од најубавите објекти на брегот на Охридското езеро, денес се претвори во рушевина.
Објектот веќе две години е затворен и не работи. Оставен за забот на времето и несовесни граѓани кои ги украле потпорните греди. Поради тоа терасата во карпите денес се урна. Среќа е што нема повредени.
Надлежните мора да изнајдат решение за објектите на плажите кои веќе две години се затворени, во интерес на развојот на туризмот во Охрид.


Потпеш своевремено беше угостителски бренд во Охрид, редовно работеа 27 вработени, дестици илјади евра од даноци и закупнини се слеваа во државната каса.

