

Жител на Охрид, преку Фејсбук се заканувал на шумочувар.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(38) од Охрид поради на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, на 07 и 10 декември 2022 година, на социјалната мрежа Фејсбук испратил пораки со заканувачка содржина кон шумочувар од Охрид, вработен во ЈП „Национални шуми-подружница Галичица“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.