

Ќе се реконстурира Специјалната болница за кардиологија Охрид. Проектот предвидува реновирање на покривот, поставување енергетска ефикасна фасада, промена на дограмата, набавка на современ ехо апарат за дијагностика и дигитализација односно поставување на ново софтверско решение и информациски систем.
Со овие реконструктивни зафати ќе се подобрат условите за лекување на бројните пациенти, за кардиолошка рехабилитација на истите, но и развој на здравствен туризам.
-„Подобри, поефикасни и поквалитетни услуги во служба на здравјето на граѓаните на здравјето на пациентите. Ова е конкретен концизен проект со визија да преку подобрување на инфраструктурните услови и здравствените услуги на нашата болница која е со идеална локација посебно во делот на кардиоваскуларната рехабилитација како единствена дејност во државата створи услови за развој на здравствениот туризам како дел од Националната стратегија на државата“, вели Елена Коваческа Башуроска директор на Специјалната болница за кардиологија Охрид.


Кардиолошкиот центар Охрид е важен сегмент од вкупниот здравствен систем во земјава и претставува втор по важност центар за интервентна кардиологија, истакна државниот секретар при минисетсртвото за локална самоуправа Кирил Парталов.
-„Вложуваме во здравствениот туризам и рекоснтрукција на јавната здравствена установа. Министерството за локална самоуправа за овој проект ќе издвои 185 000 швајцарски франци, Швајцарската амбасада 158 000 евра сопствено учество за проектот се надевам ќе помогне општина Охрид со околу 50 000 евра. Вкупно околу 395 000 евра односно 23 милиони и 500 илјади денари. Оваа здравствена установа претставува респектабилен регионален кардиолошки центар во кој се лекуваат и рехабилитираат пациенти од целата држава“ истакна Кирил Парталов државен секретар во Министерство за локална самоуправа.
Овој проект ќе придонесе за подигнување на нивото на услугите за пациентите и посовремени услови за дијагностика, истакна градоначалникот Пецаков.
-„Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ е гордост за Охридскиот регион, но и вистински пример за успешна здравствена институција во нашата држава. Се радувам што важноста на оваа болница беше препознаена и вреднувана од страна на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, кои ја поддржаа реализацијата на овој проект, вреден нешто повеќе од 23 милиони денари“, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.
Проектот ќе придонесе и за заштеда на електрична енергија, но и почиста животна средина.
-,Заштеда на енергија и на топлинска и на електирчна енергија, помалку стакленички гасови, односно заштита на животната средина и најважно од се подобрување на условите и на пациентите кои што престојуваат особено на оние во центарот за рехабилитација но секако и за вработените во центарот за кардиологија значи за сите ќе имаме подобрување на условите“, вели Мирјана Лозанкоска директор на Југозападен плански регион.
Проектот изработен од Југозападниот плански регион и Специјалната болница за кардиологија „Свети Стефан“ е поддржан од Швајцарската амбасада и министерството за локална самоуправа.
Новинар Соња Рилковска