Промовирана брошура за правата на потрошувачите

Денес во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа Промоција на „Информативна брошура за постапката за остварување на заштита на правата на потрошувачите според новиот Закон за потрошувачи во Македонија“


Промоцијата се одржа пред студентите на ФТУ-Охрид, а учесниците ги поздрави Деканката на ФТУ-Охрид, Проф. д-р Снежана Дичевска, која ја нагласи големата важност на познавањата на потрошувачките права од сите субјекти, и го искажа задоволството од организацијата на ваков настан токму на оваа важна високообразовна установа во Охрид, а се заложи и за продлабочување на соработката заедно со Организацијата на потрошувачите на Општина Охрид.
Содржината на Брошурата беше претставена од страна на Проф. д-р Ристо Речкоски, од ФТУ-Охрид, како и од Вангел Спироски, Претседател на Организацијата на потрошувачите на Општина Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани