Се подготвуваат масовни Бадникови поворки

Бадниковата поворка се подготвува и во струшко. Околу 300 деца од Струга на Бадник ќе ја продолжат вековната традиција. Ќе го најават Христовото раѓање, со божиќни ѕвезди и пеејќи ја песната Вечниот Бог низ струшките улици.

Поворка ќе има и во струшко Враништа.


Ѕвездичките се готови, песната – научена. Се чека 6-ти Јануари за ангелските гласови на оваа коледарска дружина да ги исполнат со радост улиците на селото, велат организаторите.

Летка Филипова, координатор на настанот за целиот регион за ОхридНет вели годинава се очекуваат масовни Бадникови поворки.

Со радост најавуваме дека голем е интересот за годинешните Бадникови поворки. Во Струга околу 300 деца се подготвуваат за овој величествен настан, во Дебрца околу 50, во Велгошти над 150. Подготвоките се во тек. Во петок ќе се постави бадниковата пештера на градскиот плоштад во Охрид, вели Филипова.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани