



Препознатливиот туристичко-угостителски комплекс, во селото Горно Коњско, охридско, деновиве наликува на бајка. Безброј сијалички, дедо мразовци, снешковци, елки и уште многу новогодишни декорации ја будат празнична магија во секое срце.


Очигледно е дека домаќините вложуваат многу време, љубов и труд во новогодишното украсување. Внимаваат на секој детаљ, до совршенствно за да биде волшебно.


Во прекрасната природа, широките ливади, зелените пејсажи, дрвените куќички, ресторанот во етно стил со вкусна храна и поглед кон Охридското езеро кој го одзема здивот, овој период плени празнична идила, која наликува на онаа од бајките, потсетува на новогодишните честитки од минатото.


Комплексот е сместен во селото Коњско на 1100 м.н.в., на 11 км од градот Охрид. Располага со гостинска куќа – вила, која има сопствен паркинг простор, два апартмани и седум студија со капацитет за сместување на трисеттина гости.
Туристичко угостителскиот комплекс има и ресторан со капацитет за опслужување на стотина гости.
Понудата на ресторанот е богата, почнувајќи од традиционална македонска храна, специјалитети во фурна и на скара,специјалитети од дивеч, охридските традиционални ѓомлезе и питулици, домашни десерти, баклава, охридска торта, слатко од смокви и уште многу……..


Овој комплекс ви нуди да уживате во мирот, тишината и звукот на птиците, да ги вкусите традиционалните домашни јадења, да се напиете чаша добро домашно вино, ракија, но и да се релаксирате од величествениот поглед кон синото езеро.


Во Минами е секогаш пријатно и убаво, но овој период е величествено и задолжително. Секој викенд има незаборавна забава со жива музика почнувајќи од пладне. Се подготвува и организиран дочек за најлудата ноќ со свечено богато мени и неограничен пијалок.


Домаќините нудат и незаборавно возење со четириколки во Националниот парк Галичица. Станува збор за организирани тури со професионален водич на различни локалитети во паркот.




ВИДЕО: