Се поставија столбови за ограничување на урбана опрема на ул. „Македонски просветители“

Во рамки на активностите за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ утрово екипи на Охридските јавни претпријатија поставуваат столбови за ограничување и друга урбана опрема по должината на улицата со цел побезбедно сообраќање и движење на пешаците.

Активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот на улицата има комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани