Се одржа првиот фестивал „Купувај локално“ за поддршка на локалните производители

Купувај локално е целта на денешниот Фестивал кој се одржа во Факултетот за туризам во Охрид.
Голем број производители на земјоделски производи, традиционални јадења, леб, ракотворби, накит и слично ги претставија своите производи. Целта е бизнис секторот да се запознае со нив, нивно мегусебно вмрежување, , воспоставување конекции со бизнис секторто, нивна поголема промоција и заработка.

Изготвен е Регистар на локални производители кој ќе биде јавно достапен за сите заинтересирани.

-„Целта е да ги поддржиме овие чуватели на нашето огниште и идентитет. Локал ните производители и луѓето чии изработки ја негуваат традицијата и чувството за постоење. Кога ги поддржуваме овие производители ние се поддржуваме себе си бидејќи тие пари повторно се враќаат кај нас. Ние мора да размислуваме за купување на производи со проверен квалитет. Многу е важно да напенеме три клучни бенефити од купувањето локално а тоа се здравјето, животната средина и економската состојба“, истакна професорката Ангела Паскуале.

Студентите кои беа вклучени во овој проект упатија апел до сите да се грижат за локалната економија купувајќи традиционални локални производи.

-„Важно е да се вмрежат локалните производители со хотелиерите и угостителите за подобрување на состојбата. Мора да им дадеме поддржка на локалните производители а со тоа ќе придонесеме за подобар квалитет во нашите угостителски објекти. Да купуваме домашни локални рпоизводи, а не да купуваме увозни производи. на тој начин си помагаме едни на други за да опстане нашата традиција во земјава“, истакна Игор Пешески студент.

Проектот е поддржан од општина Охрид. Овој фестивал во иднина го гледам како уште еден настан кој ќе привлекува туристи, а Охрид ќе го промовира како туристичка дестинација која покрај другите содржини ќе понуди традиционална охридска храна и специјалитети карактеристични за овој регион, рече градоначалникот Кирил Пецаков.

Се надевам дека овој настан ќе добие традиционален карактер и дека значително ќе допринесе во промоцијата на традиционалната храна и домашните производители, затоа што се она што е домашно – наше е највкусно и најубаво. Факултетот за туризам и угостителство покажува вистинска иновативност со организација на вакви настани и ја поттикнува креативноста кај студентите. Преку ова случување се едуцираат и поттикнуваат граѓаните да се определат за купување и јадење локална храна, која се произведува на традиционален начин што е многу поздрава од се друго што се нуди на пазарот, истакна градоначалникот Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани