Охриѓанец „уловен“ при незаконит риболов во каналот Студенчишта

Охриѓанец „уловен“ при незаконит риболов во каналот Студенчишта

На 21.12.2022 околу 17.30 часот, кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при незаконит риболов со рибарска мрежа го затекнаа Б.О.(35) од Охрид. Притоа, пронајдена и одземена е рибарска мрежа во должина од 20 метри и 120 парчиња уловена риба плашица. За настанот, запознаен е јавен обвинител и надлежниот инспекторат за водостопанство. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно Законот за рибарство и аквакултура., информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани