Мерко: Нема намалување на комуналната такса за осветлување, рестрикциите продолжуваат


Нема да се укине, ниту ќе се намали комуналната такса за јавно осветлување во Струга, а рестрикциите остануваат на сила и идната година.
Ова е ставот на првиот човек на општината, кој овој потег го објаснува со енергетската криза. Вели локалната не е во можност да ги покрие милионските сметки за јавно осветлување и затоа мора да се штеди. Ги повика граѓаните на поголема свесност.

„Не може да се укине, ние сме задолжени барем колку што собираме средтва од улично осветлување толку и да им услужиме на граѓаните. Само за јули месец имавме 2 милиони денари исплата за улично осветлување, за август 6 милиони денари за септември 10 милиони денари, ние не сме во можност да ги покриеме“, вели градоначалникот Рамис Мерко.


Осветлување има од 16 до 23 часот, а потоа општината е во мрак. Почнувајќи од утре до 8 јануари, нема да има рестрикции поради празниците, но ќе бидат осветлени само центрот на градот и селата.


-,И граѓаните треба да се свесни во ова поскапување на електрична енергија треба да се заштеди. Ние ноќе се одмараме спиеме не е потребно и ноќе да е дење“ вели Мерко.


Стружани револтирани изминативе неколку месеци во повеќе наврати јавно бараа укинување на комуналата такса или да престанат рестрикциите на осветлувањето. Утврдената давачка изнесува 184 денари месечно по домаќинство.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани