Запалени контејнери во Струга, спречен пожар од поголеми размери

Запалени два контејнери во Струга, спречен пожар од поголеми размери.

Непознати сторители вчера запалиле два контејнери за отпад во град Струга, причинувајќи голема материјална штета, известуваат од Комуналното претрпијатие.


Благодарение на брзата реакција на струшките пожарникари, пожарот не се прошири на околните згради и возилата во околината. Уништените контејнери ќе се заменат со нови“, велат од Комунално.


Градот Струга апелира до граѓаните да ја почитуваат урбаната опрема поставена на јавни места и да не палат контејнери за отпад, за да се овозможи ефикасно собирање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиенa.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани