Јаневски: Недостигаат организирани новогодишни програми во туристичките центри


За Новогодишните празници во туристичките центри во земјава најбројни ќе бидат домашните и регионалните туристи, од Србија, Бугарија, Грција и Албанија.
Првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот смета дека Охрид и Струга треба да имаат поорганизирани празнични манифестации за привлекување на што повеќе туристи од европските земји. Новогодишни концерти со ѕвезди, базари и организирани програми кои тур операторите ќе може да ги нудат ширум светот.


„Дочекот на Новата година треба да создаде поголема конкурентност помеѓу градовите. Ние не смееме да не очекуваме дека Охрид и Струга ќе блеснат во вистинскиот сјај за новогодишните празници.Ние не треба да се прашуваме дали ќе имаме дочек. Туку истиот план треба да биде спремен во септември, октомври за да може тур операторите да ја понудат во своите програми“, вели Љупчо Јаневски директор на АППТ.


И покрај поскапувањето на цените поради инфлацијата, Јаневски смета дека туристичките работници треба да ја збогатат понудата со автентични атракции, но и да го подигнат квалитетот на услугите.


-„Ние треба да понудиме многу повеќе за цената. Тогаш цената нема да биде во фокус туку ќе биде услугата. 0028Нашите дестинации не се за евтин туризам но за останатиот тип на туризам пред се треба да ја имаме услугата и да нудиме искуства што ги нема во другите дестинации“, додава Јјаневски.


Двата градови на брегот на Охридското езеро се во празнично руво, но во Струга и годинава нема организиран масовен дочек на Новата година.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани