Дедо Мраз пристигна во Вевчани

Дедо Мраз денес пристигна во Вевчани. Во прекрасна празнична атмосфера, песна и игра денес најпосакуваниот дедо ги израдува децата во Вевчани.

Добија пакетчиња а за возврат пееја и играа.

Директорката Даниела Мурџеска го отвори настанот и им посака “Добредојде” на присутните и истакна надеж дека овој настан ќе премине во традиција. Исто така изрази голема благодарност до Давид Николовски и неговата фамилија за донација на Новогодишните пакетчиња за дечињата.
Организацијата покрај вработените од детската градинка, ја потпомогнаа и родителите на дечињата згрижени во градинка кои максимално се вложија во организацијата. На базарот можеше да се купат секакви рачни Новогодишни изработки и прекрасна и вкусна храна, одлична атмосфера, музика, настап на најмилите дечиња.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани