Д-р Велјаноски: Да бидеме почовечни, да го направиме светот подобро место за живеење

Анестезилогот, д-р Ацо Велјаноски од струшката болница во новогодишното интервју на Охриднет вели „2022 година беше година на опоравување после ковид пандемијата“.

Ваше видување за 2022, по што ќе ја паметите?


Др Ацо Велјаноски: 2022 година беше година на опоравување после ковид пандемијата,која што остави длабоки траги во секој сегмент на нашето живеење. Дури и во такви тешки услови и со лимитирани просторни, кадровски и материјални капацитети нашата Служба за анестезија, реанимација и интензивно лекување (САРИЛ) успеа да одговори на сите предизвици, што значи дека сите пациенти на кои им беше потребна наша помош беа соодветно згрижени,независно од кој дел на нашата држава доаѓаа. Затоа не треба да изненадува фактот дека во годинава што изминува извршивме интервенции на повеќе од 1.300 пациенти.

Што очекувате во 2023 година?


Др. Ацо Велјаноск: Во Новата 2023 година очекувам пообрување на условите за работа од сите аспекти, пред се‘ просторни, финансиски и кадровски со што во секој случај најголем бенефит би имале нашите пациенти, што всушност е и наша примарна цел

Ваша Новогодишна желба?
Др Ацо Велјаноски: Здравје,среќа,љубов,мир и благосостојба да царува во секое срце, секој дом, насекаде. Да бидеме еден за друг, а не еден покрај друг, да бидеме почовечни за да го направиме светот подобро место за живеење. Бидете ми живи, здрави и среќни во Новото 2023 Господово лето.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани