Марица Угриновска Баткоска: Во 2023 та посакувам нашите животи да пулсираат во ритамот на здравјето, љубовта и среќата

Крајот на годината е време кога се согледуваат настаните, се прави ретроспектива на минатите 365 денови, но и време на желби и мечти. Марица Угриновска Баткоска, сопственичка на познатиот ланец аптеки „Виа Фарм“, во новогодишното интервју на Охриднет ја сподели нејзината желба. Вели: „во 2023 та посакувам нашите животи да пулсираат во ритамот на здравјето, љубовта и среќата“.

Ваше видување за 2022 година?

Баткоска: 2022 та означи конечно раскрстување со Ковид пандемијата која беше наша главна грижа во предходните 2 години. Карантините и траумите од оваа здравствена несреќа, за среќа во 2022 та станаа минато, а граѓаните повторно со полни гради можеа да му се радуваат на животот. ВИА Фарм аптеките во текот на целиот овој период, но и во иднина ја делат судбината на нашите сограѓани кои клучот за надминување на сите нивни здравствени грижи и проблеми го наоѓаат токму кај нас. Тоа, впрочем, е она што не прави горди: да помагаме и да носиме радост. Овие две нешта – грижата и радоста се клучните зборови по кои сметам дека треба на корпоративен план да ја запаметиме оваа година. На приватен, пак, оваа околност ја надополнуваме и со зборовите здравје и среќа кои, на мое големо задоволство, беа наше секојдневие.

Што очекувате во 2023?

Баткоска: Во 2023 очекувам да продолжиме со уште поголема грижа, професионалност и визија за илјадниците наши пријатели што секојдневно нè посетуваат во потрага по лек за нивните здравствени маки. Како здравствен бренд продолжуваме да чекориме цврсто и стабилно, со визија и со хуман однос кон сите. Оваа наша особеност која е препознаена, во следните 365 дена уште повеќе ќе ја унапредиме како наш влог во изградбата на едно похумано и покоректно општество.

Ваша Новогодишна желба?

Баткоска: Во 2023 та посакувам нашите животи да пулсираат во ритамот на здравјето, љубовта и среќата. Да имаме помалку грижи, а повеќе ведрина. Да поминуваме повеќе време со блиските и да им се радуваме уште повеќе на оние нешта во животот што ни носат радост.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани