
Познатиот изработувач на охридски бисери и почесен конзул на Р србија во Охрид, м-р Михајло Филев има многу причини за долго да ја памети 2022 година. Беше назначен за Почесен конзул на Р Србија, но доби и високата награда од Светската организација за индустриска сопственост за најредок занает.
По што ќе ја паметите 2022 година?
Филев: Изминуваат последните минути од 2022 година сите сме во очекување да ја испртиме и да почнеме со одбројувањето на новата 2023 година. Во минатата година бевме сведоци на многу настани од секаков карактер, но најбитно според мене беше нормализирање на ситуацијата во сите сфери на општеството после ковид кризата ,паралелно се соочивме и се уште сме во неизвесност од Руско-Украинскиот воен конфликт. Тоа придонесе економско,стопанска и енергетска криза од која сите држави се погодени, и секако најжалосното е губењето на човечките животи и хуманите катастрофи на тие територии. Во спортот најинтересно е да се истакне Светското фудбалско првенство во Катар се одигра за првпат во историјата во зимскиот перод. На мое професионално поле минатата година ми се случија два најубави настани. Како занаетчија и изработувач и четврта генерација наследник на најпознатиот Охридски и Македонски бренд Охридскиот Бисер. Од светската организација за индустриска сопственост WIPO бев добитник на наградата за најредок занает со формула од природно потекло со најстар заштитен патент и ителектуалан сопственост и призвод кој претставува светско културно наследство. Потоа на мое огромно задоволство и на целиот регион ми беше укажана довербата и посебна чест од Р. Србија бев назначен за Почесен конзул во Македонија со седиште во Охрид. Од досегашното делување на конзулатот со огромно задоволство и љубов почнавме да остваруваме резултати во интерес на граѓаните заедно со сите институции на Р.Србија и Р.Македонија, кои ќе продолжат со забрзано темпо со уште многу нови проекти соработки на сите полиња и културни сфери.
Што очекувате во 2023 година?
Филев: Во новата 2023 на светско ниво очекувам нормализција на сите конфликти, стабилизација на економијата, стопанството и надминување на енергетската криза. Во нашиот регион се надевам дека ке превладее толеранцијата, почита, разбирањето, хуманоста емпатијата, а тоа ќе придонесе да се надмине се‘ и сите несогласувања и да се заменат со забрзана трговска размена, инвстиции ,зголемување на туристичките посети, помеѓу Балканските народи, само така најбрзо ќе закрепнеме и ќе одиме напред заедно на сите полиња
Ваша Новогодишна желба?
Филев: Во новата 2023 почитувани сограѓани и на сите луѓе во светот ви посакувам пред се добро здравје, среќа, успеси, најубави семејни мигови. Оптимизмот, добронамерноста, хуманоста, човекољубието, љубовта етичките и моралните вредности да бидат во сите нас и добрите дела секој да ги насочи во својата работа и служба само така ќе го зачуваме светот и ќе му го предадеме безбеден на идните генерации.