
За Васко Јолески од Струга, претседател на Националното здружение „Храбро Срце“, изминатава 2022 година ќе остане запаметена по тоа што тој и неговата сакана стапнаа на лудиот камен.
2022 година имаше многу турбуленции. Од она што е поврзано со НЗ Храбро Срце можам да ги издвојам многубројните институционални битки за добивање на основни здравствени услуги како добра, а како најзначајни ги истакнувам средбата со претседателот на државата и средбата со министерот за здравство која долго време и по неколку одложувања се случи.
На приватен план, а дефинитивно и воопшто за мене настан број еден е запросувањето на мојата вереница Сара, односно нејзиниот потврден одговор и почетокот на нашиот заеднички живот.
Во 2023 година очекувам конечно работите да тргнат на подобро и по неколкугодишниот целосен застој на државата да зачекориме кон политичка и економска стабилност, луѓето да се вратат во нормален живот и да исчезне стравот од преносливите болести.
Имам многу новогодишни желби, но штом треба да се издвои една тоа нека биде мирот и економската стабилност во светот , здравје на сите и разбирање. Хм. Секако да не заборавам и тоа дека посакувам свадбата со Сара да ми помине беспрекорно . Хахаха..