

Ги запрашавме и еколозите и активистите, по што тие ќе ја паметат годинава во заминување.


Сашо Кироски од Здружението „Енхелеус Лихнидос“
Борбена година за Енхелеус, на целиот тим од Енхелеус му сум благодарен, за активностите кои се спроведуваа и бевме така сите растрчани по форуми, семинари Еразмус програми, научни истражувања, едукативни работилници, еко акции, разменување на идеи, сето тоа да се изнајдат, придобијат, обединат со мислита да се биде хуман. Хуман конкретно према целата планета и секое живо битие во неа. Убави научни моменти со колегите на научните археолошко истражувања на локалитетот Барутница од времето на неолит или 8000 години до денес. Археолошкиот локалитет Узун Мери село Мустафино Свети Николе од среден палеолит, кој хронолошки се движи од 300,000(триста илјади години) до 10,000 години, да држите таков импозантен наод од тогашниот ловец е дел од моите преубави моменти од 2022 година.
Уште посилна и уште похрабра борба, продолжување на големиот број активности за нашиот Охрид и Македонија.
Новогодишна желба ми е да им се остварат, станат реалност желбите на сите луѓе на планетава.


Вик Какаротски активист
Изминатава 2022 година ќе ја паметам по тоа шо таман помисливме дека 2021 е најлошата,се случи 2022 😛, но и покрај се ние како народ, а и јас како граѓанин на оваа држава и град, бевме сепак подготвени поради тоа шо ние сме во тешкотии со векови.
Очекувам следната година светот да се смири и конечно ние Македонците да се сплотиме и овојпат не со борба, туку со љубов да ја одбраниме Македонија. Желба ми е мир во светот и спокој во секоја душа.