Игор Кичеец: Моја желба е праведно, правично и фер судство

Моја желба е праведно, правично и фер судство, вели за новогодишното издание на Охриднет Игор Кичеец познат адвокат од Охрид.

Изминатава година може слободно да ја оценам како година на неостварени очекувања и тотален распад на системот. Државата испука по сите шавови. Што се однесува на семеен и приватен план може да кажам дека ова беше една успешна година со исполнета со многу радост во семејството. Дипломирањето на мојата ќерка Мартина беше „шлаг на торта“, што ни се случи на крајот од годинава. Годинава секако ќе ја паметам и по бројни успеси на деловен план, лично мои, но секако и на моите соработници.
Идната година очекувам благ напредок во државата , се надевам дека ќе мрднеме од мртва точка. Белки ќе тргне на подобро…
Мојата новогодишна желба е Македонија “да се сториТ ок”. И секако прво здравје и к’смет на сите блиски, на пријателите, а и на непријателите. Нова народна, чесна и одговорна влада. И праведно, правично и фер судство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани