Кочоски: 2022 година ќе биде запаметена по бројни проекти кои и покрај кризата успеавме да ги реализираме

За градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочоски, 2022 година ќе остане запаметена по бројни успешни проекти.

Изминатава година ќе ја запаметиме како година на голема светска економска и енергетска криза. Година со безброј турболенции на економски и политички план. За мене како градоначалник на општина Вевчани ќе остане запаметена како година на бројни успешни проекти кои и покрај кризата успеавме да ги реализираме.
Работевме на санација и асфалтирање на многу улици, уредување на повеќе локации, расчистување на депонии, изградба на канализациона мрежа. Се во насока на подобрување на квалитетот на животот на моите сограѓани. Изборот на општина Вевчани за една од најдобрите Топ 100 Приказни за Зелени Дестинации за 2022 година е еден момент на кој сме особено горди.
Изработивме проект за поставување на фотоволтаична централа со вкупна номинална моќност од 19,80 kWp на објектот на пречистителната станица за отпадни води во Вевчани, овој проект беше победнички и доби финансиска поддршка. Континуирано и посветено работиме на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на трошоци за електрична и топлинска енергија во јавните објекти. Во тек е подготовка на нови проекти за енергетска ефикасност на јавните објекти во општина Вевчани, а во буџетот на 2023 година ќе се планираат средства за отпочнување на постапка за изградба на фотоволтаична централа со номинално моќност до 1МW.
Идната година имаме голем број проекти, некои веќе одобрени од Центарот на Југозападниот плански регион, за кои се обезбедени финансии. Имаме развојни проекти и планови креирани согласно потребите на граѓаните на нашата општина. Да го направиме Вевчани поубаво место за живеење.

Моја Новогодишна желба е прво здравје на сите, мир и благосостојба во земјава и светот. Посакувам 2023 година да биде поуспешна и побериќетна. Среќни празници на сите!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани