
Томе Николоски – професионален грумер и сопственик на првиот професионален груминг салон во Охрид „GoodFellas“ посакува„идната година да донесе стабилност, мир и просперитет“.
Годината што изминува, конкретно за мене беше голема пресвртница, зборувам на професионален план, бидејќи токму оваа 2022 отпочнав нов бизнис, кој воедно го сметам и како нешто ново не само за мене, туку како и придобивка која ја доби и нашиот убав град..
Со оглед на целата глобална состојба, моја голема желба е да се
пребродат сите премрежја кои ги чувствуваме сите, па со нови сили во нови победи. Идната година да донесе стабилност, мир и просперитет.
Мојата новогодишна желба можеби е клише, но здравјето го ставам на прво место ( им го посакувам на сите, секако ) и конечно среќата да се заврти на наша страна.