
Противпожарната единица Охрид доби нови интервентни возила.
Со огромна заложба на командирот на ТППЕ Охрид Борко Јанкулоски и силна поддршка од Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, целокупната локална администрација и Советот на Општина Охрид, конечно ТППЕ Охрид доби нови интервентни оддела за технички интервенции и пожар на отворен простор. Потребата од соодветна опрема и алат за беспрекорно функционирање на нашата единица наиде до разбирање кај сите засегнати страни во овој наш процес на обновување и опремување. Голема благодарност за поддршката и продолжуваме уште посилно и поенергично, информираат од ТППЕ Охрид.