
Директорот на ЈП Охридски Комуналец во новогодишното издание на Охриднет вели: ,, наша цел е Охрид да стане еден од најчистите и најзелените градови на балканот
По што ќе ја паметите 2022 година?
Најдески: На деловен план: по предизвиците кои произлегоа од раководната позиција во ЈП “Охридски Комуналец” односно по предизвикот за подигнувањето на степенот на јавна чистота во градот на повисоко ниво како и решавањето на проблемот со кучињата скитници.
На приватен план: по поддршката која ја имам од мојата сопруга во вршењето на родителските обврски по моето назначување за директор, по првиот училишен ден на поголемиот син Јаков, како и по желбата и упорноста на малиот син Калин да тренира карате (и покрај тоа што има 4 години)
Што очекувате во 2023 година?
Најдески: Во 2023 очекувам нова година без економска и здравствена криза, додека на деловен план да се остварат некои планови кои би придонеле Охрид да стане еден од најчистите и најзелените градови на балканот.
Ваша Новогодишна желба?
Најдески: Здравје, радост и успех, а се друго само по себе ќе си дојде.