
Весело, разиграно и распеано охриѓани и бројните гости од земјава и странство синоќа ја дочекаа Новата 2023 година на охридскиот плоштад.
Илјадници посетители, преполн плоштад, насмеани лица, задоволни и гостите и домаќините. Круна на вечерта беше новогодишниот огномет.

– „ Новата година ја дочекавме во одлична атмосфера со преполн плоштад и премногу туристи од земјава и од странство. Посакувам многу здравје, среќа и успех и новата 2023 година да ни е многу поуспешна од изминатава и да имаме напредок на секое поле“ , рече градоначалникот Кирил Пецаков.

Годинава имаше богата програма, забавата продолжува и денес.
