Жител на Турција фатен со фалсификуван пасош на охридскиот аеродром


Жител на Турција фатен со фалсификуван пасош на охридскиот аеродром.

На 02.01.2022 во 13.00 часот на Граничниот премин Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода Е.К.(36) од Република Турција. При пасошка контрола било констатирано дека хрватската патна исправа што ја приложил на увид била фалсификувана. Исто така, при преглед кај него биле пронајдени фалсификувани хрватска лична карта и хрватска возачка дозвола. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани