
Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува финансиски да поддржи граѓанска организација која работи на територијата на општина Охрид и координира Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој и аутистичен спектар. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на семејства од социјален ризик и теба да овозможуваат намалување на трошоците на овие семејства кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 432.000,00 денари
Услови кои организациите треба да ги исполнуваат:
– да нудат услуги на територијата на Општина Охрид;
– да се регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации;
– да спроведуваат активности од областа на социјалната заштита и да имаат искуство во работа со Центар кој третира и згрижува деца со атипичен развој, најмалку 1 година;
Повеќе детали тука