Авио линијата Охрид Белград ќе го удвои бројот на српски туристи


Агенцијата за туризам најавува пораст на бројот на туристи преку нови авио линии на охридскиот аеродром. Со воведувањето на директен лет Охрид-Белград, кој стартува од месец јуни се очекува да се удвои бројот на ноќевања на српските туристи, кој во текот на минатата година беше зголемен за 40 %.
Ер Србија ќе лета 4 пати неделно, по примамливи цени. Ќе има и чартер лет Измир Охрид, а тур операторите веќе најавуваат зголемување на летовите за оваа сезона.

-„Фокусот повторно ќе биде на регионалните пазари кои треба да ги стабилизираме очекуваме помеѓу 10 до 15 % дополнително секундарните пазари помеѓу 30 и 40 % раст. Односно 2023 та година заеднички со засукани ракави верувам дека ќе успееме да ја надминеме бројката од 3,2 милиони ноќевања и сериозно да се приближиме до пола милијарда трговски да кажеме или туристички импакт“, вели Љупчо Јаневски директор на АППТ.

Оваа година се очекува зголемување на бројот на туристи и од европските и азиските земји, и повеќе кружни тури на Балканот, во кои Охрид е неизбежна дестинација.

-„Очекуваме 2023 година да имаме поголем број групи од поразлични дестинации, групи од егзотични дестинации односно за нив Балканот е егзотично место, како и минатата година што можевме да препознаеме португалски, шпнаски, мексикански, бразилски и тоа токму во Охрид кои што ќе бидат на еден до два дена. Се надеваме се повеќе и повеќе кружни патувања од дестинации кои што досега не не посетувале“, додава Јаневски.


Една од целите на македонскиот туристички сектор за 2023 година е бројот на ноќевања од стратешките туристички пазари да биде поголем дури и во однос на претпандемиската 2019 година, која се смета за рекордна година во туризмот.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани