Куратица се подготвува за Василичарскиот карневал

Куратица се подготвува за Василичарскиот карневал.

Со денови животот во ова село пулсира во знакот на карневалот кој има дваесет и четири годишна традиција. Жителите ги привршуваат последните подготовки, набавка на дрва за василичарскиот оган,се дотеруваат маските кои ги подготвуваат со многу внимание. Секоја различна и уникатна. Месната заедница од село Куратица, Здружението на граѓани Св.Василиј и населението на с.Куратица ве покануваат на 24-то издание (1 год пауза од пандемија)на Василичарски Карневал Куратица – 2023. Бидете дел од традиција стара 500 години пренесувана од колено на колено. ПРОГРАМА 2023 13ти Јануари

• 18:00 часот тргнување на василичарската поворка од пред васличарскиот оган, во посета на сите домаќинства

• Околу 04:00 часот завршување со посета на сите домаќинства 14ти Јануари

• 18:00 часот, КУД ФАЛАНГА-ЛЕСКОЕЦ

• 19:00 часот, Музичкиот дел го започнуваат Оркестар МАЕСТРАЛ-Битола и Дарко Стојаноски празнување со дефиле на маските во 20:30 часот.

• 22:30 часот прогласување на најдобрите детски и возрасни маски, проследено со огномет.

• 01:00 часот привршување на василичарските празнувања.

За сите кои не ќе се можност да присуствуваат целиот настан ќе биде емитуван во живо од страна на 2 ССтудио

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани